По пет сезони поминати во црвено-црниот дрес, Амандин Лејно дебитираше за новата екипа, тоа е Ѓер од Унгарија. Популарната “Дуду„ беше една од миленичките на вардаровите навивачи и една од ракометарките кои имаа константни добри игри во дресот на Вардар.
Репрезентативката на Франција дебитираше за екипата на Ѓер на пријателски натпревар, кој унгарките го добија убедливо. Лејно се уште ја нема освоено Лигата на Шампионите, па ова е добра можност со новиот тим да и се оствари желбата. Инаку Ѓер е актуелен шампион на Европа, откако токму во големото финале го победи Вардар.