Thursday ,18 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Пет ракометари од Вардар дел од кадетската репрезентација, за претстојниот ЕХФ Шампионат во Грузија
Пет ракометари од Вардар дел од кадетската репрезентација, за претстојниот ЕХФ Шампионат во Грузија

Пет ракометари од Вардар дел од кадетската репрезентација, за претстојниот ЕХФ Шампионат во Грузија

Кадетската ракометна репрезентација во претстојниов период ја очекува настап на ЕХФ Шампионатот во Грузија, за ракометари до 18 години. Македонија е во група со селекциите на Литванија, Луксембург, Фарски Острови, Швајцарија и Естонија

Селекторот Данило Брестовац се одлучи со кои 16 ракометари ќе патуваат во Грузија, кои треба да го повторат успехот на младинската селекција. Во составот се наоѓаат и пет играчи од РК Вардар. Се работи за голманот Марко Кизиќ, кој беше дел и од младинската селекција на ЕХФ Шампионатот во Скопје, потоа десното крило, Ален Ќосевски, левиот бек, Игор Ѓорѓиев, средниот бек, Мартин Карапалевски, пикерот, Кристијан Анѓелковски. Сите споменати се дел или ќе бидат дел од екипата на Вардар Јуниор во новата натпреварувачка сезона.

 Во петок играме со Литванија, додека во сабота против селекцијата на Луксембург.