Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-17 > Осум играчи од ФК Вардар, дел од меѓусебниот контролен натпревар на македонските репрезентации до 17 и 18 години
Осум играчи од ФК Вардар, дел од меѓусебниот контролен натпревар на македонските репрезентации до 17 и 18 години

Осум играчи од ФК Вардар, дел од меѓусебниот контролен натпревар на македонските репрезентации до 17 и 18 години

Македонската фудбалска репрезентација до 17 години се наоѓа во Дојран каде во следните седум дена ќе одржи камп подготовки. За таа цел селекторот, Марио Вујовиќ повика шест играчи од фудбалскиот клуб Вардар.

За Дојран отпатуваа, Анатолиј Петејчук, Али Асани, Филип Андоновски, Марио Илиевски, Александар Ѓурковски и Азер Омерагиќ, кој беше дополнително повикан од селекторот на Македонија.

Во среда оваа селекција ќе одигра контролен натпревар со селекцијата на Македонија до 18 години. За овој пријателски натпревар, селекторот на У 18 повика двајца играчи од Вардар. Се работи за Џемал Ибиши и Божидар Митревски.