Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Од денес стартува продажбата на сезонски билети, за натпреварите на РК Вардар
Од денес стартува продажбата на сезонски билети, за натпреварите на РК Вардар

Од денес стартува продажбата на сезонски билети, за натпреварите на РК Вардар

Од денес па се до крајот на месец август ќе бидат пуштени во продажна сезонските билети за натпреварите на РК Вардар. Ќе се започне со приоритетна продажба на сезонските билети, што ќе биде во периодот од 6 до 19 август.

Со тоа останува можноста да се купат истите места што сте ги имале лани. За приоритетната продажба потребно е да се приложи пластичниот сезонски билет од ланската сезона, и ќе биде можно купување, односно задржување само на местото што и лани сте го имале.

Приоритетната продажба на сезонски билети ќе се врши исклучиво на билетарницата на СЦ „Јане Сандански” секој работен ден.Во продажба ќе бидат пуштени билети од две категории: за трибинскиот простор, а А блоковите.

Цената на сезонските билети ќе биде иста како и претходните сезони.
– 2.200 денари за трибински простор
– 2.550 денари за А блоковите

Со сезонските билети билети ќе може да се присуствува на сите домашни натпревари од групната фаза од лигата на шампионите, сите домашни натпревари од СЕХА лигата, и сите домашни натпревари од домашната Супер лига и Куп натпреварувања.

Во регуларна продажба ќе бидат пуштени сите преостанати билети, вклучувајќи ги и оние што не биле обновени со приоритетната продажба.
Регуларната продажба на сезонските билети ќе се врши на билетарницата на СЦ „Јане Сандански” и он-лајн преку продажната мрежа на www.ticketplus.mk