Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Одлично издание за Вардаровата генер. “2005“ на стартот од детската лига, избраниците на Кралевски со “викторија“ пред противничките голови ги наполнија мрежите на Форца и Кул Здравје

Одлично издание за Вардаровата генер. “2005“ на стартот од детската лига, избраниците на Кралевски со “викторија“ пред противничките голови ги наполнија мрежите на Форца и Кул Здравје

Вардаровата генерација родени “2005“ година со две големи победи ја стартуваше новата сезона во детската лига. Избраниците на Игор Кралевски за противници ги имаа екипите на Форца и Кул Зравје.

На првиот натпревар се сретнаа Вардар (2) и Форца. Вардаровата генерација се одмазди за поразот во финалето минатата сезона, кога Форца славеше во големото финале. Овој пат нашите млади надежи делуваа самоуверено и целосно го надиграа противникот. Конечниот резултат на овој дуел гласеше 8:0. По првото полувреме имавме исто така водство од 4:0. Серијата на погодоци ја отвори Филип Јовановски кој погоди за водство од 1:0. На вториот погодок не се чекаше многу време, кога Матеј Гаштаров ја погоди противничката мрежа за резултат 2:0. До крајот на првиот дел постигнавме уште два гола. Најпрво Никола Величковски погоди за 3:0, додека оној четвртиот беше ремек дело на Ѓорѓи Дошев кој биеше небрането во аголот од голот на Кул Здравје за предност од 4:0.

vardarfans-pobeda-protiv-forca

Во вториот дел продолжи офанзивата на Вардар кон голот на Форца. Посебно во овој дел од мечот се истакна Стефан Наумовски кој постигна два гола, додека по еден им припадна на Тино Спасиќ и Ѓорѓи Дошев. Одличен меч за оваа екипа на тренерот Кралевски кои покажаа карактер на вистински професионалци и високо ја поразија екипата на Форца. Конечниот резултат беше 8:0

Целосна доминација на Вардаровите момчиња на овој натпревар, кои го надиграа противникот во текот на целиот меч.

Многу поинтересен беше вториот натпревар на кој се сретнаа Вардар (1) и Кул Здравје. Овој натпревар го добивме со резултатски пресврт и со резултат 4:1. Уште во првата минута имавме шанса преку Симеон Здравковски, но топката за малку заврши покрај голот на Кул Здравје. Вардар доминираше на овој меч и најинтересните моменти се случуваа пред противничкиот гол. Од корнер нова прилика, но прекраток во ударот беше еден од нашите играчи. Филип Радевски беше следниот кој се закани кон противничкиот гол, но резултатот се уште остана оној почетниот. Конечно се закани и противникот кон нашиот гол, но Марко Бреслиев успешно брани. Имавме две шанси во една акција, најпрво прво Горјан Цветков шутираше брани голманот, на одбиената топка наиде Здравковски кој ја погоди пречката. Кул Здравје од првата своја посериозна акција успева да го отвори резултатот и да поведе со 0:1, по едно невнимание на нашата одбрана совладан беше Бреслиев. Лука Јакимовски денес беше доста активен на теренот и имаше голема прилика да израмни, но среќата сеуште беше на страната на Кул. Црвено-црните имаа целосна доминација на теренот, но никако неможеа да погодат. По првото полувреме резултатот беше 0:1.

14359154_1661019700875747_4845794901315640335_n

Во вториот дел продолжи “викторијата“ пред голот на противникот. Не требаше многу време да измрамниме, откако еден од противничките играчи играше со рака во својот шеснаесетник. Сигурен реализатор на ударот од пенал беше Лука Јакимовски за израмнување на 1:1. Леонид Илиевски е можеби јунак на овој дуел, кој при нерешен резултат спаси чист погодок и водство за противникот. Повторно немаме среќа и погодуваме статива. Набргу иницијативата вроди со плод и конечно погодуваме за преднсот на овој дуел. Од корнер нафрлена топка, со глава топката во гол ја смести Симеон Здравковски за водство од 2:1. Денес борбениот Лука Јакимовски најумешно се снајде при една акција кој сам ја започна продре преку двајца играчи на Кул и ја смести топката во голот за водство од 3:1. Денес Горјан Цветков имаше неколку прилики, но за жал ни една не успеа да ја претвори во гол. За успешен крај на мечот се погрижи Зоран Фидановски кој со својот прв погодок на овој меч ги поставува конечните 4:1.

Мора да се напомене добрата игра на двете екипи на оваа генерација предводена од Игор Кралевски, кои играат доста напаѓачки фудбал, со константен притисок на противничката половина. Игра која ветува во продолжение од сезоната.