Денес стартуваше кадетската лига за ракометарки организирана од ракометната федерација на земјава. Црвено-црниот женски колектив сезонава ќе настапува со две екипи во истата конкуренција со цел повеќе девојки да бидат вклучени во натпреварувачки процес во оваа старосна категорија. Екипата на Вардар СЦЈС се сретнаа Стружанка на дуел во сала “Кале“.
Девојките на Анжела Платон кадетките на Вардар СЦЈС на мечот со Стружанка уште на почетокот од мечот направи серија од 6-0 со која ја најави доминацијата. Потоа тие продолжија со исто темпо и дополнително го зголемија водството на 10-1. Нашите противнички гостинките од Струга никако неможеа да одговорат на добрата игра на вардарки. Се веќе беше јасно на полувреме кога ние имавме предност од 15-4. Во вториот дел требаше и се одработи рутински да се одригра до крај. На крајот мечот заврши со плус 14, односно 25-11. Најдобра поединка кај нас беше Нелоска со 11 гола и Блажевска со 5 погодоци. За овој дуел тренерот Платон за нашиот сајт кратко ни изјави:
-Сите наши девојки денес добија шанса. При промената на играчите не се почуствува разлика и пад во играта. Добра и борбена игра покажавме во одбараната, Мене посебно ме радува дека повеќето од девојките почнаа да рзбираат што значи да си комплетен играч. Дека треба да си еднаково добар во напад и одбрана.
Вардар СЦЈС – Стружанка 25-11 (15-4)
ВАРДАР СЦЈС: Бабунска, Мицевска 1, Диневска 2, Трпевска 2, Ивановска, Паланковска, Танчева, Нелоска 3, Блажевска 5, Стојчевска 1, Дамовска 2, Атанасова, Митровска 2, Трајкова, Величковска 2, Цветковска 5.