Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Две победи и пораз за ФК Вардар генер.“2007“ и “2008“ во детската лига

Две победи и пораз за ФК Вардар генер.“2007“ и “2008“ во детската лига

На терените на ФК Работнички во Градски парк се одигра дуелот од детската лига помеѓу шампионската од минатата година екипа на ФК Вардар (1) генерација “2007’ – Њу Старс. Во истиот избраниците на Зоран Петковски беа убедливи и со 12 гола ја “наполнија“ мрежата на противниците. Ова беше прво коло во лигата за оваа генерација предводена од Зоран Петковски сезонава. Момците играат првпат 7+1.

002

 Мечот го започнавме со две шанси на Стефан Младеновски кои не успеа да ги реализира овој денес најдобар поединец на теренот. Во третиот обид тој успеа да погоди тоа беше водство до 1-0 за вардарци. Потоа имавме прилика преку Марко Киш која ја одбрани голманот на Њу Стартс. Следеше гол за 2-0 кој го постигна Борјан Томовски од соло продор.  На сцена стапува повторно Стефан Младеновски кој постигнува три  убави гола и зголемува најпрвин на 3-0 и 4-0, а подоцна и на 5-0. По три корни кои ги направиа нашите противници добивме казнет удар, истиот во гол за 6-0 го претвори Петар Мицевски. истиот играч инспириран од погодокот, во следната акција се решава за соло продор кој го крунисува со гол за 7-0. Со тој резултат се заминува и на пауза.

003

Вториот дел како и првиот го играме со целосна иницијатива и постојани атаци на противничкиот гол.  Во втората минута нововлезениот Никола Јовановски постигнува погодок рутинирано за 8-0. Следуваа неколку измени од клупата тренерот Петковски го исвежува тимот. Продолжува  симуланката на Стефан Младеновски кој погодува за 9-0 и 10-0. Голот за 11-0 го постигнуваме одкако Марко Крстевски ја имаше топката и се реши за удар од 20 метра, истата доби прекрасно ефе и се заби под гредата. Последниот гол за 12-0  повторно го постигнува Стефан Младеновски кој дефинитивно е играч број еден денес на теренот. Дури по 12 примени гола нашите противници првпат станувата опасни , ама за нивна жал на нашиот гол беше Вардаровиот “голмански бисер“ Лука Јаневски. Тој има “ он мен шоу“ кога брани трипати по ред. Најпрвин брани фантастично од слободен удар кога “жива“ ја фаќа, потоа сам на сам брани фантастично. Следува пенал за противниците кој Лука го прави, но и фантастично брани.

004

Свои прв меч одигра претходно и ФК Вардар (2) генерација “2007“  тие се сретнаа со екипата на Драчево Јуниор. Во овој дуел забележавме пораз од 6-2, стрелци за нас беа Христијан Јаковчевски и Златко Радевски.

Своето “огнено крштевање„ во детската лига лига го имаше и ФК Вардар генерација 2008 која е предводена од тренерот и кординатор во Академијата на фудбалскио клуб Вардар-Павел Неделковски.  Тие тргнаа со победа со постигната “петарда“.  ФК Вардар генер. “2008“ – Њу Старс 5-1.