Денес на терените на ФФМ ново коло во детската лига одигра генерацијата 2007 на ФК Вардар, која оствари две победи.
Вардар (2) најпрво излезе на теренот и победи во дуелот со Карев. Уште во првата минута од мечот успеавме да го отвориме резултатот, откако противникот успева да се постигне авто гол, за водство на Вардар од 1:0. Имавме целосна доминација на овој дуел и на крајот заслужено стигнавме до победата. Иван Рајчин беше играчот кој се закани, но одбрани голманот на Карев, додека истиов играч успева да го постигне и вториот гол на овој дуел за наше водство од 2:0, откако одлично асистираше Блажевски. Делувавме одлично во организација на играта, создававме често акции за загрозување на противничкиот гол. Во листата на стрелци успева да се запише и Михаил Јорданоски, откако погоди на одбиена топка од Јовановски, кој најпрво биеше, голманот одбрани но само за момент, со оглед дека на одбиената натрча Јорданоски кој ја смести топката во голот за предност од 3:0. Петар Котевски игра се подобро и подобро, тоа го покажа и на денешниот натпревар, кога зема една топка, се ослободи од неколку играчи и речиси сам ја смести топката во голот, за високо водство од 4:0. Избраниците на Горан Петрески не застанаа, напротив продолжија со постигнување на голови. Нов играч се запишува во листата на стрелци на овој меч, тоа беше Матеј Димчевски, со неговиот гол поведовме со 5:0. До крајот на првото полувреме, почесен гол на дуелот постигна и Карев за намалување на 5:1, додека Вардар имаше прилика преку Керими, но одбрани голманот на противникот.
Во второто полувреме успеваме да зголемиме и на 6:1, откако прв гол денес постигна и Војо Стојановски. Имавме обиди и преку Блажевски, Јовановски и Јорданоски, но голманот на Карев во овие прилики ја зачува својата мрежа. Продолживме со офанзивната игра на овој натпревар, и нов гол за вардарци. Ново име се запишува во листата на стрелци, тоа е Никола Јовановски кој постигна одличен гол и зголеми веќе на 7:1. Обид имаше и Мичо Поповски, но одбрани голманот на Карев. Имавме можност за нов гол, кога нафрли Керим, топката стигна до Поповски кој бие, но одбрани гоманот на Карев и спречи поголема негатива. Затоа, Војо Стојановски со својот втор гол денес успева да зголеми на 8:1 и да ги постави конечните на овој дуел од детската лига.
На победите во лигата се врати и екипата на Вардар (1) која убедливо го совлада тимот на Куманово. Само една екипа играше на теренот, а тоа беше Вардар кој во првото полувреме постигна пет голови и направи уште неколку добри шанси. Првата прилика ја имавме преку Шаботиќ, кој биеше со глава после нафрлена топка од Грашески, за среќа на кумановчани еден од нивните играчи беше на вистинското место па ја отстрани опасноста. Натпреварот со погодок го отвори Стефан Младеновски, кој погоди на асистенција од Томовски. Прв обид имаше и екипата на Куманово, но еден од нивните играчи бие крај голот. Следните две шанси на мечот ги имаше Младеновски, во двата обиди биеше крај голот. Александар Грашески беше играчот кој следен успева да се запише во листата на стрелци и да му донесе водство на Вардар од 2:0. До крајот на првото полувреме успеваме да постигнеме уште нови четири голови, сите беа дело на Стефан Младеновски, од кои два постигна со глава. На полувреме имавме високо водство од 6:0.
Брзо во второто полувреме успеваме да постигнеме два гола. Најпрво на 7:0 зголеми Стефан Младеновски, додека за 8:0 со својот прв погодок зголеми Марко Киш. До крајот на мечот, екипата на Куманово успешно се бранеше и не дозволи нов гол во нивната мрежа. Имавме ние шанси преку Младеновски кој ја погоди пречката, како и ударот на Грашески кој го добрани голманот. До крајот немаше промена на резултатот, па дуелот заврши со резултат 8:0.