Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Победа и нерешен резултат во детската лига за генерација 2009
Победа и нерешен резултат во детската лига за генерација 2009

Победа и нерешен резултат во детската лига за генерација 2009

Генерациајта 2009 на ФК Вардар денес го одигра 6.коло во рамките на детската фудбалска лига. Избраниците на Игор Кралевски остварија една победа и нерешен резултат

Вардар (1) го надигра својот противник, тоа беше екипата на Њу Старс (1) која ја победи со резултат 4:1. Марко Петровски беше играчот кој му донесе водство на Вардар од 1:0, додека на 2:0 зголеми Дарин Михајловски. Одлично играа црвено-црните во овој дел од мечот, имавме уште неколку обиди кои голманот успеа да ги одбрани. Иницијативата ја крунисуваме со уште нов гол, дело на Јаков Стојковски, за на полувреме да имаме високо водство од 3:0.

Во вториот дел видовме по еден гол во двете мрежи. Најпрво Вардар зголеми на 4:0 преку Максим Павловски, додека екипата на Њу Старс постигна еден гол, за да намали на 4:1.

Вардар (2) одигра нерешено во дуелот со екипата на Скупи. Матеј Крстевски беше играчот кој успеа да донесе предност на Вардар од 1:0, додека противникот врати и израмни на 1:1. Давид Колевски имаше обид, но одбрани голманот на Скупи, додека предноста на вардарци ја врати Јаков Стојковски, кој биеше, но еден од играчите на Скупи ја зафати топката, па го смени правецот на топката, која заврши во голот, за водство на Вардар од 2:1 Имавме офанзива и на овој меч, до крајот на првиот дел се обиде и Стојковски, но голманот на Скупи го одбрани ударот. На полувреме резултатот беше 2:1.

Папалиски беше играчот кој прв упати директен удар во вториот дел, биеше по земја, топката во раце ја прибра противничкиот голман. Нов обид за Стојковски од прекин, топката заврши крај голот.  На нашиот гол се истакна и Баснарков, додека Вардар притискаше за нов гол, а обид имаше Јаков Стојковски, чиј удар го брани голманот на Скупи. После едно наше невнимание во одбраната, екипата на Скупи постигна гол и го израмни резултатот на 2:2. Противникот се обиде да направи и пресврт, но ние на голот го имавме Марко Баснарков, кој одбрани два опасни удари. До крајот немаше промена, двете екипи ги поделија бодовите.