Wednesday ,01 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Вардар (1) генер. “2007“ убедливо го доби дербито со Нова Колонија, победа и за Вардар (2) во денешното коло од детската лига

Вардар (1) генер. “2007“ убедливо го доби дербито со Нова Колонија, победа и за Вардар (2) во денешното коло од детската лига

Вардаровата генерација родени “2007“ година во текот на денешниот ден одиграа два натпревари во детската лига, на кои забележаа победи.

Најпрво на теренот излезе Вардар (2) кој за противник го имаше тимот на Хет-трик. Овој меч заврши со триумф на црвено-црните од 4:1. Сепак противникот беш прв кој го отвори резултатот, со гол во првите пет минути од мечот. Почетната негатива не ги обезхрабри нашите момци, кои тргнаа фуриозно кон голот на Хет-трик. Уште една шанса имаше противникот, но на место беше нашиот голман, Јовица Спасовски. Првата шанса за Вардар ја имаше Крстевски, но неговиот удар го брани голманот. Се играше некаде средина на првото полувреме, кога црвено-црните постигнуваат гол и израмнуваат на 1:1. Стрелец на голот беше Никола Јовановски. Целосна офанзива кон голот на противникот дава резултат и црвено-црните имаат водство од 2:1. Стрелец на вториот гол беше Златко Радески. Тренерот Зоран Петкоски им даваше рамномерна минутажа на сите играчи и често ја ротираше екипата. Хет-трик имаше можност да го израмни резултатот, откако нашиот состав направи три корни, а тоа значеше удар од белата точка. Сепак противникот не успеа да го реализара пеналот. Јовица Спасовски имаше неколку добри одбрани до крајот на првиот дел и не дозволи израмнување на резултатот.По првото полувреме резултатот беше 2:1.

vardarfans-2

Доминација на Вардар и во вторите 25 минути, а првата шанса ја имаше Радески, кој шутира покрај голот. Во овој дел од мечот не му дозволивме многу на противникот да се изнаигра, а ние постојано бевме во атак и во потрага по нови погодоци. Еден таков постигна денес одличниот Петар Котевски кој успева за прв пат денес да се запише во листата на стрелци и да го зголеми резултатот на 3:1. Работите околу конечниот победник станаа многу појасни, кога со својот втор гол, Никола Јовановски го зголеми водството на 4:1. На голот во второто полувреме кај Вардар застана и Даниел Исајловски, кој имаше две одлични интервенции. Во последните десет минути од натпреварот немаше некои поголеми возбудувања, на Вардар славеше со конечни 4:1.

Дербито во оваа генерација го одиграа Вардар (1) и екипата на Нова Колонија. Инаку овие две екипи играа во финалето и минатата сезона, каде поуспешни како и денес беа Вардарци. Добро започна натпреварот за нас и веќе во почетните минути успеваме да го отвориме резултатот, со голот на Емир Шабoтиќ. Следен кој се најде во шанса Александар Грашески кој бие над пречката од голот на противникот, откако претходно му асистираше Шабатиќ. Продолживме со константен притисок на половината на Нива Колонија, а следен кој се обиде меше Марко Киш кој шутира од 15 метра крај голот. Нова шанса имаше Шаботиќ, но за среќа на противничката екипа резултатот остана непроменет. Марко Крстевски имаше удар од дистанца, кој завршува покрај стативата. Вардар беше далеку поквалитетна екипа на теренот, а Грашески имаше можност за зголемување на резултатот, но голманот на Нова Колонија успешно брани. По првото полувреме резултатот беше 1:0.

vardarfans-2

Во вториот дел продолжи доминацијата за избраниците на Зоран Петковски. Први обиди во овој дел од мечот имаа Томовски и Киш. Сепак неможеше Нова Колонија да има среќа, па Вардар преку Стефан Младеновски зголемува на  2:0. На голот претходеше акција на Грашески кој бие, голманот брани а на одбиената топка наиде Младеновски кој ја смести топката во мрежата. После неколку минути веќе имаме и убедливи 3:0, по што беше јасно кој ќе ги освои бодовите.

vardarfans-3

Вардар не застана тука и до крајот на мечот постигнуваме уште три гола. Прв пат во листата на стрелци се запишува и Петар Мицевсски кој носи водство од 4:0. Следиме и евро гол на Борјан Томовски, кој со лева нова бие небрането во горниот десен агол, за веќе петарда во мрежата на Нова Колонија и водство од 5:0. Точка на мечот во последните секунди стави Драган Лебариќ, за висока победа на крајот од 6:0.

vardarfans-4