Од вчера до 11-ти април пионерите на ракометниот клуб Вардар ќе бидат дел од силен меѓународен турнир во Грција. Турнирот ќе се игра во Верија на 70 км од Солун, а истиот е “Вип“ односно за него се добиваат специјални покани. Денес тие го одиграа првиот меч на овој силен турнир и дојдоа до триумф.
Во првиот меч денес противник ни беше грчката екипа Пилаиа. Избраниците на Адријана Будимир дојдоа до победа со резултат 21:10 (11:5). На почетокот отворивме со наше водство од 2-0, а потоа водевме и со 3-1. По овој резултат постојано зголемувавме и на одмор отидовме со “плус шест“ односно 11-5 за нас. Вториот дел можеби ќе отидовме и на поголема разлика, сепак тренерот на пионерите на РК Вардар, Будимир се одлучи да им даде прилика на сите 16 играчи кои ги однесе на овој турнир. Момците одиграле одлично во одбрана и напад во текот на целиот натпревар денес. Утре не чека вториот натпревар во групата и последен бидејќи во групата има три екипи. Ние играме со екипата на Дикеас во утринскиот термин од 08:00 часот по локално време. Стрим од овој натпревар кој по македонско време започнува во 7-00 часот може да погледнете на следниов ЛИНК!
Кај нас денес најефикасен беше, Чакалиќ Бојан кој постигна 5 гола, Димитриевски Дамјан и Жерновски Никола дадоа по 3 погодоци.