Wednesday ,01 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > РК Вардар 2 на убедлив начин се врати на победите во лигата, младите избраници на “Зенга“ го преслушаа Ѓорче на Кале

РК Вардар 2 на убедлив начин се врати на победите во лигата, младите избраници на “Зенга“ го преслушаа Ѓорче на Кале

Попладнево во спортскиот рекреативен центар Кале се одигра натпревар во првата ракометна лига помеѓу екипите на Вардар 2 и Македонија Ѓорче Петров. Поуспешни беа црвено-црните кои славеа со резултат 33:26.

Одлично го започнавме натпреварот каде во првите девет минути имавме предност од 5:0. После отварање на резултатот следеа два последователни голови на крилото Чакалиќ, потоа на Амзоски и Мишевски. Првиот гол гостинот го постигнува дури во десеттата минута кога го намалија резултатот на 5:1. Се играше цврсто во одбраната, но и брзо и динамично, затоа можеби се правеа и грешки во нападот. Во следните десет минути, црвено-црните го одржуваа ова водство и во 19 минута ја имаа истата предност од пет голови (8:3).

vardarfans-krstevski

На нашиот гол го имавме Јагош Брауновиќ, кој скроти неколку удари на противникот. Следеа два последователни голови на Ѓорче, за на осум минути пред крајот на првиот дел да го намалат резултатот на 8:5. Вардарци имаа контрола на резултатот и со голот на Стефан Крстевски стигнуваа до предност од 10:6, но на три минути пред крајот, Македонија Ѓ.П се закани на нашата предност и намали на само два гола негатива (10:8). До крајот на првото полувреме по еден гол на двете страни, за резултат 11:9 по истекот на првите 30 минути.

vardarfans-rk-vardar-2

Вардар со погодок го отвори и второто полувреме кога поведе со 12:9. За момент екипата на Ѓорче намалува, но црвено-црните враќаат со два гола во серија и зголемуваат на 14:10. Последната резултатска неизвеност беше во 37 минута кога гостинскиот тим намали на 16:14. Од тие моменти следи серија за избраниците на Петковски од шест последователни голови, за да имаме највисоки осум гола предност (22:14). Ѓорче се обидуваше да се врати во мечот и намали на 22:17, но Вардарци не дозволуваат никаква неизвесност и со нови четири погодоци во серија зголемуваат до речиси двоцифрени девет гола разлика (26:17). Последните десет минути беа рутина за нашиот состав, а Ѓорче најмногу што успеа е да го намали резултаот на 33:26.

17800263_1300023103377866_6753048053855146688_n

По 5 голови во редовите на Вардар постигнаа Дамчески и Ѓоршоски.

РК Вардар 2: Чакалиќ 3, Крстевски 4, Дамчевски 5, Мишевски 4, Трајковски 1, Димитров 3, Апостоловски 1, Гичев 2, Лазов 2, Стојов, Атанасовски 1, Ѓоршовски 5, Брауновиќ, Стошиќ, Амзовски 1, Стојановски 1.