Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Вардаровата генер. “2006“ со две високи победи ја започна новата сезона во детската лига

Вардаровата генер. “2006“ со две високи победи ја започна новата сезона во детската лига

Денес на терените на фудбалската федерација на Македонија започна новата сезона во детската лига. Свои натпревари од првото коло имаа двете екипи на Вардаровата генерација родени “2006“ година под водство на тренерот Филип Арсовски.

ФК Вардар (1) одигра натпревар со екипата на Кул, кој го доби убедливо со резултат 7:0. Првата посериозна шанса на овој меч ја имаше противничката екипа, но нашиот голман Мартин Ивановски го скротува овој удар. Вардарци го отвараат резултатот и поведуваат со 1:0, со ремек дело на Максим Цониќ од слободен удар. Нашите млади надежи ја имаа иницијативата на теренот, обидувајќи се да направат поголем број на шасни за постигнување на гол. Сепак Кул се обидуваше да направи нешто посериозно кон нашиот гол, но не им успеваше. Нова одбрана за нашиот голман Мартин Ивановски, кој не дозволува Кул да го израмни резултатот. Најактивен играч на Вардар во првиот дел беше Максим Цониќ кој беше најзабележителен на теренот. По првото полувреме резултатот гласеше 1:0.

Во вториот дел го надигравме противникот кој немаше сили да се надигрува со Вардарци. Дури шест погодоци беа постигнати во овој дел од мечот. Најрасположен за постигнување голови беше Михаил Танчев кој постигна хет-трик. Својата серија на погодоци ја најави на самиот старт на второто полувреме кога погоди за 2:0. Целосна офанзива во овој дел од мечот за нашите млади надежи кон голот на Кул. Во листата на стрелци успева да се запише и Олег Михајловски кој погодува за 3:0. Шансите се редеа пред противничкиот гол, ново име во редовите на Вардар погодува. Овој пат Марко Митев го пронаоѓа патот кон мрежата, за веќе убедливи 4:0. Петарда во мрежата на Кул, за зголемување на водството на 5:0. Голот беше дело на Данил Ордевски. Тука Вардарци не застанаа, до крајот на мечот уште два гола во противничката мрежа и тоа двата погодоци дело на одличниот Михаил Танчев,за конечни 7:0 на овој натпревар.

vardarfans-pobeda-protiv-kul

Многу поинтерсен беше вториот натпревар на оваа генерација, која го одигра со екипата на Скупи. Тука Вардар прв го отвори резултатот со гол на Марко Николовски за водство од 1:0. Во наредниот период противникот успева да направи комплетен пресврт и да поведе со 1:2. Оваа негатива не ги обезхрабри црвено-црните кои тргнаа офанзивно кон голот на Скупи. Повторно се обиде Николовски, но овој пат голманот го брани ударот. Сепак денес најдобриот играч, Марко Николовски повторно успева да ја затресе противничката мрежа и да го израмни резултатот на 2:2. Скупи повторно имаше можност да поведе, но нашиот голман Андреј Данстак успева да одбрани пенал. Одлична интервенција на нашиот надежен голман, кој не дозволи негатива за нашиот тим. Ова го искористуваме и до крајот на првиот дел правиме комплетен пресврт. Давид Голубов упатува силен удар и ја погодува мрежата на Скупи, за предност од 3:2. Нова прилика имаше Николовски, само покрај голот. Со овој резултат се замина на полувреме.

vardarfans-pobeda-protiv-skupi

Вториот дел со одбрана го започнува Данстак, кој повторно спречува добра шанса на противникот. Сепак избраниците на Арсовски беа многу подобра екипа и сосема заслужено на крајот победија. Со својот втор гол на овој меч Давид Голубов зголемува на 4:2.Продолжија шансите за Вардар, Сековски имаше можност од пенал да зголеми но ја погоди стативата. Сепак истиов играч од слободен удар успева да ја погоди мрежата, за водство од 5:2. Уште една убава шанса во нашите редови до крајот на дуелот. Се обиде Дамјан Крстевски кој бие, но голманот со крајни напори спречува поголема негатива.

Добар старт на сезоната и за оваа генерација, која забележа две убедливи победи во ова прво коло од детската лига.