Sunday ,24 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-17 > Пионерите на ФК Вардар со “петарда“ го совладаа Гостивар

Пионерите на ФК Вардар со “петарда“ го совладаа Гостивар

Денес на теренот при Академијата на ФК Вардар во Градски Парк пионерите на фудбалскиот клуб Вардар одиграа меч во лигата со своите врсници од екипата на КФК Гостивар. Истиот го добија со “петарда“, тие однесоа триумф во овој дуел со 5-1 (3-1). Овој меч тренерот на вардарци Сашо Тодоровски го стартуваше со овој состав: на голот Тимевски, Рамиќ (к),  Антовски, Ѓорѓиевски А., Стојчевски, Дарлишта, Адем, Ѓорѓиевски М. , Бириша, Ристовски и Стојановски.

k2

Мечот во првите 15  минути мина во мирна игра без поголеми прилики на двете страни, без некоја особена шанса за нас, а пак гостите забележаа една голема прилика во првите 15 минути. Ќаили имаше голема шанса сепак на голот на црвено-црните беше одличниот Тимевски Бојан кој со чудесна интервенција ја спаси нашата мрежа. Во 22 минута Ќаили беше во соло продор од 16 метри шутна со врвот на копачката , топката мина низ нозете на Стојчевски Марко и заврши крај немоќниот вардаров голман Тимевски, со овој гол гостиварчани поведоа први со 0-1. Веднаш по него заигравме значајно поофанзивно на теренот тргнавме да ја анулираме предноста на противникот. Голема шанса пропуштаме преку Бериша. Во продолжение дојде голот за 1-1, одлично од корна нафрли Бериша со глава немилосрден стрелец беше одбранбениот играч кој беше во противничкиот казнет простор  Ѓорѓиевски Александар. Веднаш по голот имаме слободен удар на 25 метри одлево за нас , со десна нога ѕидот го натфрла Бериша Јакуп и топката се забива под пречката на Насими за наше водство од 2-1. Овој гол ни донесе потечна игра на црвено-црните и поофанзивност во продолжение. Бериша се обиде со удар , сепак истиот заврши крај голот на гостите, пота истиот играч имаше соло продор одлично исфрли неколку играчи и шутна во мрежата од надворешната страна. Прилика забележува и Ѓорѓиевски  Марко кој добива топка на 16 метри, влегува во казнетиот простор и шутира крај голот.  Во последната минута од првиот дел има фаул за нас на 40-45 метри од голот на Насими , истиот го изведува Антовски Филип кој решева да бие во голот, тој постигнува ретко виден гол на фудбалските терени во земјава. Со овој гол во 40 минута за 3-1, завршува првиот дел.

k5

Вториот дел почнува со теренска надмоќ на црвено-црните прва прилика имаме преку Ристовски Кристијан , истата не ја реализираме. Потоа Кренар одлично оди во продор од десна страна асистира по земја до Бериша кој во последен момент е блокиран од гостиснката одбрана. Во вториод дел приликите пред голот на гостиварчани се редат како на филмска лента, со глава прилика за нас има Стојчевски Марко. Голот за 4-1 доаѓа од една навистина прекрасна акција, Кренар Дарлишта поведува топка по десната страна исфрла двајца играчи , потоа умешно асистира до Ѓорѓиевски  Марко кој шутира прекрасно, голманот на Гостивар Насими кратко исфрла до ногата на нововлезениот Калчиновски Анел кој мирно и рутинирано погодува по четврти пат за нашите пионери денес. По погодокот тренерот на вардаровите пионери Сашо Тодоровски ја уфрла цела клупа во игра, меѓу измените влегува и резервниот голман Денковски Давид на место на Тимевски. Токму Денковски е најсветла точка во следните 3-4 минути, тој за кратко двапати се најде очи во очи со најдобриот играч и стрелец на единствениот гол за гостите денес Ќаили Валтрин, сепак момчето кое е познато како “мајстор за зицери“ во двете прилики чудесно интервенира. Следат минути на Ѓорѓиевски  Марко тој најпрвин упатува удар од 20 метра но гостинскиот голам брани со парада, сепак следната прилика ја претвара во гол. Марко Ѓорѓиевски е во соло продор , исфрла во негов стил неколку одбранбени играчи, го измамува голманот и погодува по земја за 5-1. Истиот играч потоа со глава по изведен корнер од десна страна погодува дирекно во пречката со глава и не успева да погоди двапати едно по друго. До крајот ја имавме играта во својте нозе за одбележување се уште две шанси на Стојчевски Марко и Спасиќ Марио кои се обидоа , сепак топката мина иако блиску и во двете прилики крај голот.