Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Две високи гостински победи за пионерските екипи на ФК Вардар во воведното пролетно коло
Две високи гостински победи за пионерските екипи на ФК Вардар во воведното пролетно коло

Две високи гостински победи за пионерските екипи на ФК Вардар во воведното пролетно коло

Двете пионерски екипи на ФК Вардар во првото пролетно коло беа гости во Куманово, ние игравме дуели со тимот на Еуроспорт. Вардарци забележаа две високи и убедливи победи на овие дуели.

Помладите пионери дојдоа до висока победа со резултат 0:6 (0:5), на меч на кој целосно доминиравме. За нас започнаа: Ангелов, Павлевски, Ричков, Хајдари, Каровски, Љушев, Перковски, Јаневски, Ибраим, Здравковски и Гуџуфи .

Вардар доминираше уште од самиот почеток, успеавме во првите триесет минути да поведеме со високи 0-3. Ние доминиравме во офанзива, постојано имавме шанси, нашиот игра Левент Ибраим погоди три пати во 15, 26 и 29.минута. Се беше решено во тие моменти околку победникот. До крајот на првиот период постигнавме „петарда“, погоди најпрвин Бесар Гуџуфи во 31.минута, а денес расположениот Ибраим со својот четврти гол ги постави конечните 0-5 за првиот период.

Вториот дел беше чиста формалност, ние имавме голема предност, со офанзивна игра ја чувавме истата. И понатака доминиравме околу поседот на топката, успеавме додатно да ја зголемиме предноста. Конечните 6-0 ги постави нововлезениот Горазд Попов во 52.минута од овој дуел.

Пионерите на ФК Вардар дојдоа до победа со високи 1-5 (1-2) на гостувањето во Куманово. За нас стартуваа: Стојковски, Јовановски, Давков, Стојчевски, Ѓоргоски, Сељанац, Живков, Давидовски, Стојановски, Ѓорѓиевски и Тасевски.

Ние тргнавме офанзивно во првиот дел, за нас во 17.минута погоди Алек Сељанац кој со глава кој го отвори резултатот. Георг Стојановски четири минути потоа стрелаше за удвојување на предноста на црвено-црните пионери. До крајот на првиот дел домаќинот успеа со погодок да ја преполови нашата предност, на одмор се замина со 1-2 за нас.

Во вториот дел успеавме да ги вратиме двата гола предност преку Тасевски Петре кој стрелаше за 1-3. Повторно таличен за ривалот беше Стојановски Георг, кој со неговиот втор гол денес не однесе на позитива од три погодока (1-4). Печат на победата стави Давидовски на три минути пред крајот на дуелот ,кога погоди за конечните  1-5 на ова прво пролетно коло во пионерската-супер лига.