ФК Вардар(1) генерација 2009 кој од оваа пролет ги води, Никола Глигоров дојде до втората победа во 2.рунда на детската лига за оваа 2020 година. Тие со виски 10-2 ја совладаа екипата на ФК Албарса на денешното соочување.
Најпрвин се заканивме преку Јаков Стојковски и Васко Папалиски, нивните удари ги одбрани голманот на ривалот. Потоа, Папалиски асистираше до Стојковски кој погоди за 1-0, веднаш потоа и ја удвоивме предноста со голот на Марко Петровски. Имавме доста офанзива, по три корна добивме пенал, топката ја зема Павел Котески-Митровски, силно немилосрдно стрелаше за високи 3-0.
Потоа имаше две прилики за одбележување, во првата Вито Павлов ја затресе пречката со јак удар, во втората ривалот се обиде, на нашиот гол Баснарков Марко одлично одбрани. Тренерот Глигоров одлично ротираше во поле, Набрзина потоа отидовме и на 5-0, за нас погодија Дарин Михајловски и Папалиски од пенал. Во финишот на првиот дел блесна, Марко Петровски кој со два гола донесе водсвтво со 7-0, резултат со кој се замина на одмор.
Втoриот дел започна со еден случаен гол на Албарса, по кој ривалот намали на 7-1. Нашата предност беше висока, ние ја контролиравме играта, имавме посед се беше во наши нозе. Со неговиот четврти гол денес, Марко Петровски донесе предност oд седум гола, околку колку што имавме на одмор (8-1). Нашата доминација донесе победа со постигнати десет гола, за нас погодија Јаков Стојковски и Максим Павловски за 10-1. Противникот успеа во последните минути на вториот дел како и во првите на истиот да погоди, тие стрелаа за 10-2 резултат со кој овој дуел беше окончан.
ФК Вардар(2) генерација 2009 доби службена победа 3-0 над тимот на ФК Њу Старс (3)