Thursday ,18 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Мицевски не реализираше пенал, Вардар само до бод денеска
Мицевски не реализираше пенал, Вардар само до бод денеска

Мицевски не реализираше пенал, Вардар само до бод денеска

Вардар и Работнички го одиграа дербито на колото во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), но истото заврши сиромашно, без голови и без победник, а лидерот има зошто да жали затоа што во 96. минута промаши пенал преку Дарко Мицевски.

Денеска реализацијата изостана кај лидерот, затоа и натпреварот заврши без победник. Во првиот дел Попзлатанов не искористи една 100% шанса, а во второто Цветаноски и исто така Попзлатанов не ги претворија супер шансите во погодоци. Кога се чинеше дека ќе заврши 0:0, беше досуден чист пенал за Вардар. Мицевски ја зеде топката и биеше, но Јанков одбрани и спречи нови три бода за Вардар.

Со овој нерешен резултат, Вардар останува лидер, сега со единаесет бодови предност пред Шкендија но и натпревар повеќе. Во следното коло, Вардар и гостува на Ренова.