Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Нов меч за заборав, Монпелје го совлада Вардар
Нов меч за заборав, Монпелје го совлада Вардар

Нов меч за заборав, Монпелје го совлада Вардар

Денес во „Јане Сандански“ се судрија последните два европски прваци, нашиот РК Вардар и Монпелје. Во овој дуел кој беше натпревар од последното 14.коло во групната фаза во ЛШ, црвено-црните повторно беа поразен со резултат  27-31.

Тргнавме со напад 7 на 6, отворивме со два гола на капитенот Стоилов во првите два напади, нашиот пикер обезбеди и пенал кој во гол го претвори Чупиќ за водство со 3-0 во 5.минута. Следеа две одбрани на Кизиќ Марко, салата ги скандираше македонските репрезентатици во редовите на црвено-црните. Ја одрржувавме позитивата од три гола се до 6-3, потоа со три врзани гола францускиот тим успеа да изедначи на 6-6 во 15.минута. Првото водство на гостиот го видовме во 19.минута кога поведоа со 8-9, веднаш клупата на црвено-црните побара минута одмор, за жал тие потоа поведоа и со 8-10. Од 5.минута кога водевме со 3-0, противникот на нашите пет гола одговори со двојно повеќе, односно десет. Мора да напоменеме дека Кизиќ имаше феноменален настап денес, вардареци направија серија 4-1, со головите на Горбок и Дибиров поведовме со 12-11 во 25.минута. Не ја сочувавме предноста , на одмор заминавме со резултат 13-14.

Противникот се одлепи на 15-18 на почетокот на вториот дел од овој натпревар. Нашите момци успеаа да се доближат на 19-20 со голот на Толедо во 39.минута, по што ривалот реши да го искористи првиот тајм-аут во вториот период. Сепак, повторно  Монпелје отиде на три плус (20-23),  точно на средината на вториот период тие водеа 21-24, времето истекуваше се помалку остануваше за да фатиме резултатски приклучок. Играта на која инсистира нашиот требер Стефче Алушовски, 7 на 6 постепено со го „земеша данокот“, па  Монпелје погоди на празен гол за 23-28 во 50.минута.  Гедбан му го остапи местото на Кизиќ тој одлично одбрани,  во напад тоа го награди за Чупиќ кој намали на 26-28 на 5.минути до крајот и внесе неизвесност. Потоа Горбок, највозрасниот на теренот кој мечот го одига со болки со неговиот шести гол намали на 27-28. Техничките грешки си го направија своето, ние бевме поразени со 27-31.

Стоилов го одигра најдобриот натпревар со седум гола, Горбок имаше шест, а Чупиќ заврши со пет, додека кај голманите Кизиќ имаше девет одбрани.