Генерацијата 2011 на фудбалскиот клуб Вардар вечерва на терените на ФФМ го одиграа првото пролетно коло. Избраниците на Боби Андоновски на два натпревари остварија по една победа и пораз.
Вардар (1) успеа да го добие градското дерби против екипата на Работнички. Конечниот резултат на овој деул гласеше 6:2, и сите погодоци беа постигнати во второто полувреме од натпреварот, откако по првите 20 минути резултатот беше оној почетниот 0:0. Набрзина постигнавме три гола во вториот дел, два последователни беа за Калин Арсовски кој донесе предност од 2:0. Следеше период во кој уште еден играч постигна два гола во серија, се работи за Борјан Костовски, погодоци со кои зголемивме на 4:0. Во листата на стрелци се запиша и Доротеј Христов кој донесе предност од 5:0. Следеше намалување на 5:1, па авто гол од страна на Работнички, за резултат 6:1. Во последните минути од дуелот, противникот постигна гол и ги постави конечните 6:2 на овој натпревар.
Вардар (2) го загуби мечот од екипата на Фудбал Кидс, со резултат 1:2. На полувреме, противникот имаше предност од 0:1. Во вториот дел паднаа по еден гол во двете мрежи, стрелец за нас беше Марин Спировски.