Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Две победи за ФК Вардар во регионалната лига
Две победи за ФК Вардар во регионалната лига

Две победи за ФК Вардар во регионалната лига

ФК Вардар со две победи во регионалната лига кај тимот на Албион. На денешното гостување нашите петлиња остварија две победи.

⚫ ВАРДАР ГЕН.2010 ПОБЕДИ СО 1:2❤

Првиот дел на ова гостување од 5.коло во регионалната лига го завршивме без погодок во двете мрежи. Двата тима иако имаа прилики заминаа на одмор со почетните 0-0 на овој натпревар.

Во вториот дел на сцена стапи Ибраими Џихан кој украде една топка од одбраната на домаќинот и погоди во 43.минута за предност од 0-1. Игравме висок пресинг, одзема одлучно топка Атанасовски Михаил кој го пронајде Ибраими, стрелецот на првиот гол во 49.минута ја удвои предноста и стрелаше за 0-2. Албион успеа да искористи една прилика и ја преполовија нашата предност со погодок за 1-2. До крајот Атанасовски Михаил се закани уште во три наврата. Победата дојде со резултат 1-2.

⚫Вардар: Ангеловски Марио, Аврамоски Калин, Трпевски Матеј, Митевски Лука, Ибраими Џихан, Атанасовски Михаил, Антевски Павел, Јовановски Ведран, Краљевски Мартин, Донев Стефан и Кичевски Дамјан.
играа уште: Нушевски Мирослав, Стојановски Матеј и Спирковски Тео

⚫ФК ВАРДАР ГЕН.2009 ОСТВАРИ ПОБЕДА СО РЕЗУЛТАТ 0-2

➡️Првиот дел заврши со почетните 0-0, домаќините имаа свои прилики пред голот на Груевски. Исто така ние преку Дошев и
Бошковски Коста, имавме шанси први да отвориме сепак на одмор се замина со резултатска симетрија, односно резултат 0-0.

➡️Погодоците дојдоа во вториот дел, најпрвин за 1-0 погоди Павловски Давор во 46.минута. Напаѓавме со цел да удвоиме и успеавме преку Нешовски Ангел во 60.минута. Тој погоди со глава по одлична нафрлена топка од Колевски Даниел. Стрелецот на голот имаше прилика и за уште еден погодок, сепак победата дојде со два гола позитива над Албион.

Вардар: Грчевски Лука, Колевски Даниел, Дошев Максим,Котески-Митровски Павел, Павлов Вито, Нешовски Ангел, Бошковски Коста, Павловски Давор, Ангеловски
Вилијам, Галевски Лука и Јовиќ Андреј.

⚽️Играа уште: Величковски Даријан и Ристевски Матеј.