Wednesday ,01 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Пионерските екипи на ФК Вардар одиграа пријателски натпревари со екипата на Брегалница
Пионерските екипи на ФК Вардар одиграа пријателски натпревари со екипата на Брегалница

Пионерските екипи на ФК Вардар одиграа пријателски натпревари со екипата на Брегалница

Со оглед дека има пауза во Супер Лигата, денес пионерските екипи во Штип одиграа пријателски натпревари против екипата на Брегалница.

Помладите пионери ја продолжија победничката серија и на контролните натпревари откако денес беа подобри од Брегалница со резултат 1:3 (0:2).

Пред да го отворат резултатот, избраниците на Влатко Колев имаа обиди преку Буцевски и и Блажевски. После центар шут на Буцевски од корнер, Илија Митаноски се најде на вистинското место кој ја затресе мрежата на домаќинот за водство од 0:1. Продолживме со офанзивната игра, додека противникот исто така се закани од контра напади, но Грбевски беше на вистинското место. После грешка на противничкиот голман, Блажевски асистираше за Митаноски, кој со својот втор гол му донесе предност на Вардар од 0:2, резултат со кој се замина на полувреме.

Во вториот дел, Колев, им даде шанса на сите играчи кои денес беа на располагање, па вториот дел го игравме со комплетно различна постава. Лука Богдановски беше играчот кој ни донесе предност од 0:3, додека до крајот на мечот почесен гол постигна и домашниот тим за намалување на 1:3, резултат кој беше и конечен.

Вардар: Павел Грбевски, Христијан Јевтоски, Иван Ташовски, Стефан Стаматоски, Данило Делев, Филип Цветковски, Душан Бојовиќ Заев, Стефан Бујароски, Петар Блажевски, Илија Митаноски, Дамјан Буцевски.

Ефикасен натпревар одиграа пионерските екипи на Брегалница и Вардар, кој на крајот заврши без победник (3:3). Домашниот тим имаше предност и од 2:0, додека на полувреме се замина со резултат 2:1. Стрелец на голот беше Стефан Атанасовски, кој погоди на одбиена топка после центар шут од Бакрачески. Во добра прилика да го израмниме резултатот, повторно се најде Атанасовски, но одбрани голманот на Брегалница. Израмнувањето стигна преку Марко Џолев, кој погоди на асистенција од Атанасовски за нерешени 2:2. Брегалница ја врати предност од 3:2, за конечните 3:3 на овој пријателски натпревар да ги постави Михаил Јорданоски, на аситенција од Филип Дамевски.

Вардар: Павел Грбевски, Ненад Стојанчевски, Кристијан Каруловски, Бобан Бакрачески, Алексеј Ивановски, Филип Дамевски, Гоце Трајчевски, Иван Блажевски, Михаил Јорданоски, Стефан Атанасовски, Миле Дрогрешки.