Пионерките на ЖРК Вардар вчера, гостуваа во Свети Николе и остварија победа во рамки на 2.коло. Нашиот најмлад тим победи со резултат 14:18
Отворивме со двата гола на Павичевиќ и Ристовска Мила за почетни 0-2. До средината на првиот дел бевме тимот кој диктира темпо и ја удвоиме предноста на четири гола, со погодокот на Дамјаноска Сара за 2-6. До крајот домаќинот делумно ја намали нашата предност и на одмор се замина со резултат 7-9 во наша корист.
Во вториот дел атакувавме да ја зголемиме предноста и да имаме мирен финиш, во тоа успеавме кога поведовме со шест предност при резултат 10-16. Екипата на Овче Поле Славјански Универзитет успеа само до крајот да ја намали негативата, но победата беше наша и ја остваривме со резултат 14-18.
Вардар: Н.Ангелов, Б.Тодоровска, Јанкуловска, Стојанова 1, И.Ангелов 1, Јанева 2, Дамјаноска 5, Петровска, Павичевиќ 3, М.Ристовска 3, Илијоска, Д.Тодоровска 2, Стојановска, Херин, Манева, С.Ристовска 1.