Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Куглање > Куглање: Вардар триумфално во дербито со ГТЦ, Димовски со најдобар скор
Куглање: Вардар триумфално во дербито со  ГТЦ, Димовски со најдобар скор

Куглање: Вардар триумфално во дербито со ГТЦ, Димовски со најдобар скор

Екипата на Вардар гостуваше во дербито од Македонската кугларска лига кај тимот на КК ГТЦ Мусандра, ова беше дуел од 6.коло.

Црвено-црните на натпреварот во кугларницата “Мусандра’ во Градскиот трговски центар во Скопје дојдоа до победа со минимални 3-5. Во сетови бевме подобри со 9,50:14,50. Вардарци имаа екипен скоро од 3229 “дрва”, односно  106 повеќе од домаќинот. Битолчанецот, во нашите редови Пецо Димовски со 579 соборени чуневи беше прва ‘ударна игла” на вардарци на овој исклучително важен натпревар.