Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Генерација “2005“ успешно “маршира“ кон полуфиналето, двете екипи на Кралевски ќе се борат за големото финале во детската лига
Генерација “2005“ успешно “маршира“ кон полуфиналето, двете екипи на Кралевски ќе се борат за големото финале во детската лига

Генерација “2005“ успешно “маршира“ кон полуфиналето, двете екипи на Кралевски ќе се борат за големото финале во детската лига

Двете екипи на генерацијата “2005“ на ФК Вардар ќе игра во полуфиналето на детската лига. Денес избраниците на Кралевски ја поминаа четврфиналната пречка, совладувувајќи ги екипите на А.Пандев и Шкендија. На тој начин двете екипи на Игор Кралевски, денес ќе се борат за големото финале, каде доколку победат ќе играат меѓусебно во големото финале.

Најпрво своето четвртфинале го одигра екипата на Вардар (2) која се сретна со тимот на Академија Пандев. Вардарци славеа на овој натпревар со резултат од 2:1: Првиот удар го имаше екипата на Вардар и тоа Влатко Кулуковски, кој биеше во рацете на голманот. Тука гледавме динамичен натпревари со шанси на двете страни. Од игра се обиде Горјан Цветков, но голманот на Академија Пандев го брани ударот. Сепак истиов играч успеа да реализира, откако противникот направи три корни. Сигурен реализатор е Горјан Цветков, кој погодува за предност од 1:0. До крајот на првото полувреме, повторно шанса имаше Цветков, кој од слободен удар биеше дирекнто биеше во голот, но денес е одличен голманот на струмичани, кој го брани неговиот удар. На полувреме резултатот е 1:0.

vardarfans-2

Во вториот дел добра шанса за зголемување на резултатот имаше Филип Радевски, но противничкиот чувар на мрежата не дозволува гол. Академија Пандев подобро одигра во вториот дел и имаше неколку шанси. Од слободен удар, противникот се закани но нашиот голман, Леонид Илиевски го брани ударот. Од истава позиција шанса имаше и Горјан Цветков, без реализација. Цветков имаше можност да го постигне денес својот втор гол, но неговиот удар од белата точка го брани голманот на А.Пандев. Сепак не помина ни една минута, а Вардарци успеваат конечно да зголемат на 2:0, преку Давор Лефковски за солидна предност. Сепак струмичката екипа внесува неизвесност на мечот, кога постигна гол и го намали резултатот на 2:1. Сепак до крајот резултатот остана непроменет, а за одбележување е удар на Академија Пандев, кој завршува покрај нашиот гол. На крајот конечниот резултат е 2:1.

Во другото четврфинале, екипата на Вардар (1) одигра меч со екипата на Шкендија од Тетово. Одлично започна и овој натпревар за екипата на Игор Кралевски, кои бргу успеваат да го отворат резултатот на 1:о. Откако противникот направи три корни, судијата покажа на белата точка, а сигурен реализатор беше Филип Јовановски за водство од 1:0. Во следните две шанси за Вардар, се обидоа Гаштаров и Фидановски, кои остануваат без реализација. Вардарци имаа поголем посед на топката и ја контролираа играта во овој дел од натпреварот. Шкендија речиси и да не закани кон нашиот гол, а нашата последна одбранбена линија беше на своето ниво. Убав гол следиме на мечот и повторно за Вардар. преку Матеј Гаштаров, кој со глава го совладува голманот на противникот, откако од прекин нафрли Ѓорѓи Дошев. Овој резултат од 2:0 беше актуелен на полувреме.

vardarfans-1

Првата шанса во второто полувреме ја имаше Матеј Гаштаров, кој биеше над голот на противникот. Победите околу конечниот победник станаа појасни, кога Вардар преку Никола Величковски кој зголеми на 3:0. Истиов играч успева да погоди од пенал, откако противникот направи три корни. Од белата точка погоди Никола Величковски за веќе предност од 4:0. Нашиот состав имаше контрола на резултатот и повторно создаваше шанси. Една таква искористи Матеј Гаштаров, кој носи убедливи 5:0. До крајот на натпреварот му дозволивме на противникот, поради мало олабавување да постигне два гола и да намали на 5:2. Овој резултат беше и конечен на крајот од мечот.

vardarfans-pobeda-so-skendija