ФК Вардар генерација 2008 се пласираше во големото финале во Детската лига. Попладнево играчите на Павел Неделковски во полуфиналето лесно се справија и со тимот на Фљамунтари. Овој натпревар нашиот тим го доби со резултат 5:2.
Натпреварот започна одлично за нашиот тим, веќе во почетните минути од мечот Вардар поведе со 1:0 со голот на Ненад Дамјановски. Потоа Вардар тргна уште по офанзивно по нов погодок. Следен кој погоди беше играчот Арти Азизи, биеше силно и прецизно за веќе двојна предност од 2:0. Вардар по овој погодок постигна уште еден, следен кој се запиша во листата на стрелци беше играчот Стефан Бранковски за веќе предност од 3:0. До крајот на првиот дел Арти Азизи постигна уште еден погодок за 4:0, противникот во последната минута од мечот го ублажи водството на 4:1 со гол на еден противнички играч од слободен удар.
Во вториот дел Вардар постигна само еден погодок, а промаши и неколку изгледни шанси за повисока предност. Во вториот дел добија шанса за настап речиси сите играчи. Противничката екипа го намали водството на два негатива со погодок од еден контра напад. Но, кога помислија дека имаат шанси, на сцена стапи со нов погодок Арти Азизи кој со својот трет погодок денеска го доведе Вардар во големото финале кое е на програмата в петок.
Честитки до играчите на Вардар за пласманот во големото финале.