Sunday ,24 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Вардаровата генерација “2005′ ја помина четвртфиналната пречка и се пласираше во полуфиналето на скопско-кумановскиот регион
Вардаровата генерација “2005′ ја помина четвртфиналната пречка и се пласираше во полуфиналето на скопско-кумановскиот регион

Вардаровата генерација “2005′ ја помина четвртфиналната пречка и се пласираше во полуфиналето на скопско-кумановскиот регион

Двете екипи на генерацијата родени “2005“ година денес ги одиграа своите четврфинални мечеви во рамките на детската фудбалска лига. Совладани беа екипите на Нова Колонија и Работнички, по што обезбедивме пласман во полуфиналето во скопско-кумановскиот регион.

Први на теренот излегоа екипите на Вардар (1) и Нова Колонија. Овој дуел го добивме со резултат 8:0. Голеадата на овој натпревар ја отвори Филип Јовановски, кој погоди за водство од 1:0. По отварање на резултатот шанси имаа Гаштаров и Јовановски, но резулатот остана истиот. Прв гол на мечот постигнува и Матеј Гаштаров кој зголемува на 2:0. Истиов играч имаше нова шанса, но голманот одбрани. Продолживме со константниот притисок на половината на Нова Колонија, кој резултираше со нов гол, за предност од 3:0.

vardarfans-radost

Најпрво биеше Величковски, за голманот прво да го скроти ударот, на одбиената топка наиде Гаштаров кој погодува. Последната прилика во првиот дел ја имаше Величковски, која не беше реализирана. На полувреме резултатот беше 3:0.

vardarfans-pobeda-so-kolonija

Шанса во второто полувреме и за Нова Колонија, но нашиот голман Мариновски го одбрани ударот. Прв гол на мечот постигнува Никола Величковски, кој со прекрасен удар од 15-тина метри зголемува на 4:0. Во листата на стрелци се запишува и Симеон Здравковски, кој при еден соло продор ја сместува топката во мрежата, за 5:0 во тие моменти. Целосно доминиравме на натпреварот, а во шанса се најде и стоперот Серафимов, кој шутира над пречката од голот на противникот. Последните три гола на натпреварот се дело на Симеон Здравковски, кој ги поставува конечните 8:0 на овој четвртфинален меч.

vardarfans-igra

Одличен натпревар одигра и Вардар (2) кој ја помина четврфиналната пречка. Противник ни беше тимот на Работнички, кој го совладавме со резултат 4:0. Хет-трик на овој натпревар постигна Горјан Цветков, додека еден беше дело на Филип Радевски.

vardarfans-2

И на овој меч имавме поголем дел од играта и контрола на резултатот. Откако противникот направи три корни, беше досуден пенал за Вардар кој го реализира Горјан Цветков, за отварање на резултатот на 1:0. Можевме да го зголемиме набрзина резултатот, но Кулуковски ја погоди пречката од голот на Работнички. При едно недоразбирање на противничката одбрана и голманот, Горјан Цветков е најумешен, кој ја сместува топката во мрежата за предност од 2:0. До крајот на првиот дел уште еден гол во мрежата на Работнички, повторно дело на Цветков со удар од белата точка. На полувреме се замина со резултат 3:0.

vardarfans-pobeda-so-rabotnicki

Ниту во вториот дел не му дозволивме на противникот, многу да се изнаигра. Точка на мечот и разрешување на сите дилеми, ако постоеа на овој дуел ги реши Филип Радевски, кој погоди прв пат денес, за зголемување на 4:0. Имавме и во овој дел неколку шанси, за нови голови, кои останаа нереализирани. Се обиде Давор Лефковски, но неговиот удар го брани голманот. Во прилика се најде и Радевски, повторно голманот на Работнички е поуспешен. До крајот резултатот остана непроменет, па конечениот резултат беше 4:0.

vardarfans-zaednicka

На тој начин двете екипи на оваа генерација предводени од Игор Кралевски се пласираа во полуфиналето на скопско-кумановскиот регион. Во понеделник, тие ги играат своите полуфинални мечеви, кои се последни пред пласманот на завршниот турнир на најдобрите ос сите региони во детската лига.