Девојките на ЖРК Вардар очекувано триумфираа во финалето на Купот на Македонија и дојдоа до петтиот пехар во ова натпреваруање. Нашите девојки победија со ЖРК Металург, со 46:19 во нивната сала Автокоманда и покажаа дека се суверен владетел на Македонскиот ракомет.
По доделувањето на пехарот за Куп победникот и преодниот пехар, беа доделени и индивидуалните награди. Признанието за најдобар стрелец го доби вардарката Сара Ристовска која постигна 24 голови. Таа имаше 17 погодоци против Гевгелија и денес нови во финалето 7 против Металург. За најдобар голман беше прогласена Матеја Серафимова од сино-белите. Таа имаше двоцифрен број интервенции и во полуфиналето и во финалето. Наградата за МВП- најкорисен играч на финалниот меч и припадна на друга вардарка. Таа дојде во раце на десниот бек на Вардар, Французинката Александра Лакрабер.