Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Браво! Пионерките на Вардар со победата над Куманово обезбедија финале попладнево во лигата
Браво! Пионерките на Вардар со победата над Куманово обезбедија финале попладнево во лигата

Браво! Пионерките на Вардар со победата над Куманово обезбедија финале попладнево во лигата

Денес во салата “Автокоманда“ се игра завршниот турнир во женска пионерска конкуренција кој ќе го даде шампионот на Македонија. Во полуфиналето пионерките на Вардар триумфираа и се пласираа во финалето на Ф4 турнирот во првенството на Македонија.

Нашите девојки предводени од Билјана Пецевска и Драгана Пецевска Ристова играа со екипата на Куманово. Црвено-црните  девојки пласманот во финалето го обезбедија со победа со резултат 23-14. Во финалето ги чека екипата на ЖРК Металург и истото е закажано за попладнево со почеток во 18 часот  и 15 минути во салата во Автокоманда.

vardarfans-pionerki-na-zrk-vardar1-660x330

Ние уште во првиот дел имавме контрола на резултатот и на одмор заминавме со “плус пет“ во наша корист. Вториот дел го продолживме со исти ритам и со “девет позитива“ закажавме место во финалето. Ова е последна прилика за прво “злато“ на една вардарова младинска екипа оваа сезона. Прв стрелец во полуфиналето во нашиот табор беше  Андреа Седлоска која постигна седум  гола во мрежата на кумановчанки.