Wednesday ,01 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Вардар генер. 2008 чекори шампионски, нова победа на младите вардарци
Вардар генер. 2008 чекори шампионски, нова победа на младите вардарци

Вардар генер. 2008 чекори шампионски, нова победа на младите вардарци

Вардар (1) од генерацијата 2008 се пласираше на завршниот турнир. Попладнево нашите млади момчиња немаа никаков проблем да го совладаат тимот на Спортефе Вардар во полуфиналето на овој регион.

Нашиот тим уште од стартот на мечот започна напаѓачки, додека пак тимот на Спортефе се одлучи уште од првата минута да го брани овој резултат. Но, одбраната на овој тим попушти уште во воведните 4-5 минути, Ненад Дамјановски со прецизен силен удар донесе предност за Вардар.  До крајот на првиот дел Вардарци постигнаа уште еден погодок преку Арти Азизи за на полувреме да се замине со сигурна предност на нашиот тим.

18641433_1460938650630055_842008514_oВо вториот дел тимот на Спортефе го стигна и малку заморот, иако примија пет погодоци до крајот на мечот, сепак овој тим одигра добро, многу борбено со многу чисти лизгачки стартови. Во вториот дел на сцена во тимот на Вардар стапи Стефан Бранковски кој во серија постигна два погодоци за комотна и недостижна предност на нашиот тим. До крајот на мечот, беше досуден и пенал за Вардар. Топката ја зеде и прецизно биеше нашиот голман Лука Грчевски за предност од 5:0. Со овој резултат заврши натпреварот.

Честитки до играчите на двете екипи за прикажаната одлична игра денеска.