Wednesday ,01 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Одличен Вардар “2007” четири победи за нови завршни турнири!
Одличен Вардар “2007” четири победи за нови завршни турнири!

Одличен Вардар “2007” четири победи за нови завршни турнири!

Денеска на терените во Градски парк тимовите на Вардар од генерација 2007 одигра дури четири натпревари, по два одиграа двете екипи. По овие дуели, и двете екипи на Вардар се пласираа на завршниот турнир во Детската лига каде ќе го напаѓаат пехарот.

Вардар (2) имаше повеќе потешкотии на 1/4 финалниот натпревар отколку на 1/2 финалниот меч. Вардарци во 1/4 финалето наидоа на незгодниот тим на Албарса. Иако противникот на Вардар поведе со 1:0, потоа Вардар со одлична игра и со три погодоци дојде до 3:1, но тоа не беше се, до крајот на овој меч се случија уште многу возбудувања, тимот на Албарса се врати и не се предаваше, ја направи завршницата драматична но не успеа да постигна петти погодок за израмнување, на крајот Вардар победи со резултат 5:4. Стрелци на овој меч беа: Петaр Кoтевски 3, Злaткo Рaдески и Никoлa Јoвaнoвски пo 1 гoл.

На 1/2 финалниот натпревар Вардар немаше никакви проблеми да дојде до нова победа. Тимот на Рaбoтнички  во текот на целиот натпревар беше понеквалитетен противник за разлика од вардарци. Тимот на Вардар уште во првите неколку минути од мечот го отвори резултатот, до крајот постигна уште седум за вкупно осум на овој меч. На крај Вардар победи со резултат 8:3. Стрелци: Никoлa Јoвaнoвски и Злaткo Рaдески пo 3 гoлa, Петaр Кoтевски и Михaил Јoрдaнoвски пo 1 гoл.

2007aВардар (1) пак, продолжи со импресивните партии и бројки. Нашиот прв тим лесно и убедливо, без никакви проблеми се пласираше на завршниот турнир каде ќе ја брани титулата и оваа сезона. Вардарци на 1/4 финалниот меч против тимот на Фoрцa победија со убедливи 12:0. Тимот на Форца уште од самиот старт прикажа една лоша игра, тоа Вардар го искористи максимално за убедлива победа. Стрелци на овој меч беа: Алексaндaр Грaшески 4, Дрaгaн Лебaриќ 3, Стефaн Млaденoвски, Мaркo Крстевски, Бoрјaн Тoмoвски Кристјaн Јaкoвчевски и Петaр Мицевски пo 1 гoл.

Во 1/2 финалето од 13 часот Вардар се сретна и со тимот на Фaмoс. И на овој натпревар играчите на Зоран Петковски демонстрираа одлична игра и заслужено се радувааа на уште една победа. Овој пат, за разлика од Форца, тимот на Фамос прими малку помалку голови, односно нивниот голман мораше на шест наврати да ја вади топката од својата мрежа. Стрелци против Фамос: Стефaн Млaденoвски и Кристијaн Јaкoвчевски пo 2 гoлa, Емир Шaбoтиќ и Алексaндaр Грaшески пo 1 гoл.

Честитки до двете екипи за одличните игри денеска.