Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Победа и нерешен резултат за пионерските екипи, на гостувањето во Чаир
Победа и нерешен резултат за пионерските екипи, на гостувањето во Чаир

Победа и нерешен резултат за пионерските екипи, на гостувањето во Чаир

Денес на теренот во населбата Чаир се одиграа натпревари од претпоследното коло во првенството на младинските фудбалски категории. Пионерските екипи гостуваа на екипата на Шкупи, каде беше забележана една победа и нерешен резултат.

Помладите пионери триумфираа против своите врсници од Шкупи со конечен резултат од 1:2. На полувреме црвено-црните имаа предност од 0:1. Вардар прв успеа да го отвори резултатот на овој натпревар и тоа уште во 14 минута со погодок на Бојан Димоски. Во вториот дел го зголемивме водството на 2:0 со голот на Малик Хасановиќ, во 60 минута од натпреварот. Десет минути подоцна домашниот тим на Шкупи го намалува резултатот на 1:2. Ова беше и конечен резултат на овој меч.

Вардар: Рамадани, Бојковски, Мирчевски,Манасиевски, Апостоловски, Хасановиќ, Ритовски, Спировски, Астарџиев, Димоски, Асенов.

Пионерите одиграа без победник, односно конечниот резултат на крајот гласеше 0:0. По неколку шанси имаа двете екипи, кои останаа неискористени, за на крајот двете екипи “мирољубиво“ да ги поделат бодовите. До крајот на сезоната останува уште едно коло за одигрување. Наш противник е екипата на Ренова, каде пионерските екипи ќе бидат домаќини.