Sunday ,08 September 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Двојна програма денеска
Двојна програма денеска

Двојна програма денеска

Денеска натпревари играат ФК Вардар и РК Вардар. Фудбалерите на Вардар го играат натпреварот од 21 коло во ПМФЛ против Брегалница. Овој натпревар Вардарци го дочекуваат на првата позиција на табелата, додека пак денешниот противник, тимот на Брегалница од Штип се наоѓа на 8 место на табелата со 20 освоени бодови. Оваа сезона Вардарци славеа на гости против Брегалница со 2-0, а и дома бевме подобри со резултат 3-1, очекуваме уште една победа против овој тим денеска. Натпреварот започнува во 14 часот. fkvardar-blazevski-vardarfans

А, денеска се игра и дербито на СЕХА лигата. Со почеток во 17 часот и 45 минути РК Вардар го пречекува унгарскиот тим, и вицешампион на Европа тимот на Веспрем. Вардарци со екипата на Веспрем одиграа еден натпревар оваа сезона во СЕХА лигата и тоа во Унгарија. На тој натпревар резултатот по 60 минути игра беше 24-24. На овој дуел Вардарци ќе бидат ослабени со неиграњето на Арпад Штербик.

Дојдете и на двата натпревари денеска, да навиваме за нашите тимови!