Своите натпревари од вториот дел на сезоната во младинските ракометни категории ги започнаа кадетките на ракометниот клуб Вардар. Кадетките на Вардар во петокот во Автокоманда одиграа натпревар против тимот на Металург. Овој натпревар нашите девојки го загубија со резултат 35-14 (18-5). Најдобри поединци во тимот на Вардар беа Диневска Бојана со четири и Неловска Анастасија со три постигнати погодоци.
Додека пак Вардар Јуниор својот прв пролетен меч го одигра вчера во Струга, против екипата на Стружанка. Дуелот се играше во 13:30 часот. Вардар Јуниор загуби на гостувањето во Струга со резултат 35-14. Најдобри поединки во тимот на Вардар беа Блажевска со шест и Трпевска со пет постигнати голови.