Одредени се термините за 1/8 финалниот дуел на РК Вардар со екипата на Висла Плоцк. Првиот натпревар помеѓу овие две екипи ќе се одигра на 16-ти март во Полска со почеток од 18:30 часот. Реванш мечот е закажанз а десет дена подоцна, односно на 26-ти март во спорсткиот центар Јане Сандански. Почетокот е закажан за 18 часот. Ова ќе биде реприза на осминафиналето од минатата сезона кога, црвено-црните го елиминираа Полскиот вицепрвак. Исто тогаш првиот натпревар се одигра во Полска, на кој Висла славеше победа со резултат 32:26. Сепак на реваншот во Скопје, пред преполната арена и пеколната атмосфера која ја направија Комити, Вардарци не само што успеаа да ја анулираат негативата, туку и славеа со убедливи 31:20.
Сега се надеваме дека уште на првиот натпревар во Плоцк ќе оствариме позитивен резултат, за без притисок да влеземе на реванш мечот во Скопје. Останува уште малку време да се подготвиме за првиот дуел, како подготовка за овој дуел утре ни гостува екипата на Веспрем во рамките на сеха-лигата.