Викендов се одигра второто пролетно коло во рамките на ракометната лига за пионери во машка конкуренција. Пионерите на РК Вардар предводени од тренерот Андријана Будимир успеаа да го надиграат својот противник, екипата на Аеродром и да остварат висок триумф.
Натпреварот започна со гол на гостинот, кој само во првите пет минути беше рамноправен противник. При нерешен резултат 2:2, Вардарци успеваат со серија од три последователни гола да се одлепат од противникот и да поведат со 5:2. Добрата одбрана ни носеше предност, која во еден момент од првиот дел достигна и шест голови позитива. По крајот на првото полувреме имавме водство од 12:7
Во второто полувреме успеавме да постигне дупло повеќе голови од пртивникот и да забележиме убедлива победа. Вториот дел го започнавме со два гола за најголемо водство 14:7. Ова предност од седум голови разлика ја одржувавме се до средината на второто полувреме, кога истата почна да се зголемува. Во нападот постигнувавме голови од различни позиции, додека одбраната беше беспрекорна и непродорна за Аеродром, кој немаше одговор за добрата игра на Вардарци. Набргу успеавме да стигнеме и до двоцифрена предност (21:11). При резултат 23:13 му дозволивме на гостинот да постигне само еден гол, наспроти четири наши, за конечен резултат од 27:14.
Убедливо најефикасен во нашиот состав беше Дамјан Димитријевски со 9 голови, додека Марко Зафировски беше стрелец на 5 погодоци.
РК Вардар: Танев 1, Трајковски 1, Алексовски, Савревски, Зафировски 5, Трајановски 2, Мишевски 1, Павловски 3, Ангеловски, Жерновски 2, Грујовски, Димитријевски 9, Мутовски, Србиновски 1, Димчевски 2, Аспровски.