Македонската фудбалска репрезентација до (16) години предводена од селекторот Добринко Илиевски утре на комплексот Петар Милошевски ќе одигра пријателски натпревар против репрезентацијата на Црна Гора.
Утрешниот натпревар започнува во 14 часот и 30 минути, од редовите на нашиот тим ќе имаме тројца играчи кои ќе настапат на овој дуел, а тоа се: Малик Зибери – (голман), Филип Антовски – (одбрана) и Јакуб Бериша – (напад)