Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Мартин Димов: Нашата цел е влез во Ф4, односно најдобрите 4 екипи од купот на Македонија.
Мартин Димов: Нашата цел е влез во Ф4, односно најдобрите 4 екипи од купот на Македонија.

Мартин Димов: Нашата цел е влез во Ф4, односно најдобрите 4 екипи од купот на Македонија.

РК Вардар 2 обезбеди пласман во 1/4 група од купот на Македонија, откако вчера избраниците на Стојан Петрушевски беа победници во својата осминафинална група. Најпрво го победивме тимот на Куманово (27:15), за во решавачкиот натпревар за пласман во следната рунда да бидеме подобри и од тимот на Гостивар (37:26). Ова е голем успех за оваа млада екипа, на која друштво во 1/4 ќе и прават уште две екипи на Вардар. Првиот тим и Вардар Јуниор исто така ќе се борат за пласман на завршниот турнир. Десното крило на Вардар 2 Мартин Димов на мечот со Гостивар беше втор најдобар стрелец, со вкупно 9 постигнати голови.

-Нашата цел е влез во Ф4, односно најдобрите 4 екипи од купот на Македонија. Секако до таму има уште многу работа и труд, но сепак тоа е нашата цел. Во рамките на осминафиналето од купот одигравме две утакмици со поволен исход за нас. Ги знаевме противниците и од прилика знаевме што не очекува. Сепак ова е почеток на втората полусезона и како секој почеток така и овој беше битен за нас. Во првата утакмица ја совладавме екипата на Куманово. Утакмица во која влеговме 100% концентрирани и во ниеден момент не ја ставивме победата во прашање.Во втората утакмица ги “угостивме” гостите од Гостивар. Натпревар во кој влеговме целосно мотивирани и концентрирани. Го контролиравме резултатот во текот на целиот меч, а воедно и го зголемувавме. На крајот остваривме две победи, со тоа што нашата цел кон Ф4 турнирот е се поблиску, изјави Мартин Димов за нашиот сајт.

Звонко Ивановски