Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Гонзалес: Да уживаме на овој натпревар – Лазаров: Веспрем е подготовка за натпреварите со Висла во ЛШ
Гонзалес: Да уживаме на овој натпревар – Лазаров: Веспрем е подготовка за натпреварите со Висла во ЛШ

Гонзалес: Да уживаме на овој натпревар – Лазаров: Веспрем е подготовка за натпреварите со Висла во ЛШ

Нашиот ракометен шампион утре се враќа на настапите во сеха-натпреварувањето. Во С.Ц. Јане со почеток од 17:30 часот ќе ја пречекаме силната екипа на Веспрем. Двете екипи веќе обезбедија пласман на завршниот турнир во сеха-лигата, па без притисок ќе влезат во овој дуел. Сепак победата на секој ме е императив за црвено-црните, така ќе биде и на овој дерби натпревар во сеха. На денешната прес-конференција пред медиумите се обратија тренерот Раул Гонзалес и капитенот Филип Лазаров.

-Играме против Веспрем, за мене одлична екипа, со многу добри играчи, како Палмарсон, Наѓ. Ќе биде интересно затоа што ќе има многу добар ракомет. Ние тренираме, се подготвуваме и сѐ уште не знаеме каква ќе биде нашата ситуација зашто имаме повредени играчи. Штербик нема да игра со сигурност исто така и Горбок. Сега ќе играме без притисок и за разлика од Лигата на шампионите можеме да уживаме во овој натпревар. Овие два натпревари со Веспрем и со Мешков Брест ќе бидат добри за нас пред да играме со Висла во осминафиналетово ЛШ, ќе биде добро за нас, треба да уживаме, рече Раул.

Лазаров најави дека е добро да се победи на следните два меча во сеха-лигата, но и да се избегнат дополнителни повреди, пред важните дуели против Висла во ЛШ.

-Не очекува натпревар со Веспрем од СЕХА Газпром лигата, без поголемо значење и за двете екипи, но ова е дерби во СЕХА лигата и си носи некое значење. Ќе одиграме без притисок и се надевам да победиме и да ги искористиме овие два последни натпревари од СЕХА за да се подготвиме за осминафиналето со Висла во ЛШ и колку што можеме да се зачуваме да не се повредиме. Гледаме дека се случувааат пехови и ќе биде штета да не бидеме комплетни во финишот на сезоната, рече Лазаров.