Thursday ,22 August 2019
Последни:
Home > Историја > Ѓорѓи Цинцевски-Џинка најдобриот стрелец на Вардар во првата сезона 1947/48, и еден од топ-5 стрелците на сите времиња

Ѓорѓи Цинцевски-Џинка најдобриот стрелец на Вардар во првата сезона 1947/48, и еден од топ-5 стрелците на сите времиња

cinka

ЃОРЃИ ЦИНЦИЕВСКИ – е еден од најистакнатите играчи меѓу првата генерација вардарови фудбалери кои започнуваат да ја пишуваат историјата на новоформираниот Ф.К Вардар во далечната но славна 1947 година. Познат под прекарот Џинка, Цинциевски е најдобриот стрелец во премиерната сезона на клубот 1947/1948 со постигнати голови на 13 првенствени средби.

Приматот на прв голгетер број меѓу неговите соиграчи го потврдува уште три пати во периодот од 1950 до 1953 година. Во својата фудбалска кариера, Цинциевски кој своевремено бил и капитен на тимот на Вардар има одиграно вкупно 277 натпревари и постигнато неверојатни 188 погодоци во дресот на скопскиот и македонскиот фудбалски гигант. Со својот импресивен учинок легендарниот Џинка е еден од петтемина најдобри голгетери на сите времиња во клубската историја.