Марио Илиевски кој беше дел од младинските генерации на фудбалскиот клуб Вардар ја промени средината и во иднина ќе настапува за екипата на Септември од Софија, со која потшиша договор на три години.
Марио беше дете на Вардар и неколку пати ја има добивано наградата за најдобар стрелец на завршните турнири во детската лига, последната беше пред две години кога со генерацијата “2002“ го освои второто место, а Илиевски беше прогласен за најдобар стрелец, има добиено вкупно пет признанија за најдобар голгетер. Марио имаше можност да настапува и за сите младински екипи на Вардар. Почетокот на минатата сезона ја започна во младинскиот состав, а потоа играше и за кадетите, додека настапи забележуваше и за пионерите, иако е генерациски роден “2002“ година со која минатата сезона стана шампион на Македонија.
Илиевски исто така е репрезентативец и на фудбалската репрезентација до 17 години, а бил дел и од селекциите до 15 и 16 години. Минатата година доби и награда за најдобар играч на турнирот “Скопје Куп“. Голем број на признанија има освоено ова момче, кои се наградени со негов прв интернационален трансфер. Нашата редакција му посакува многу среќа и успеси со новиот клуб и му се заблагодарува за досегашната коректна соработка со нашиот медиум.