Денес својот 28-ми роденден го прославува голманот на ФК Вардар, Филип Гачевски. Ова ќе биде негова четврта сезона на голот на црвено-црните, откако пред четири години пристигна од екипата на Брегалница од Штип, каде имаше рекорд, односно својата мрежа ја зачува незатресена цели 912 минути. Гачевски има активен договор со Вардар, кој важи до 2020 година.
Нашата редакција му посакува многу среќа, здравје и успеси на професионален план.
СРЕЌЕН РОДЕНДЕН ГАЧА !!