Фудбалскиот клуб на Вардар денес означи старт на подготовките за пролетниот дел од сезоната. Како што е познато, црвено-црните во наредните шест дена ќе тренираат на спортскиот комплекс во населбата Хиподром, по што ќе заминат во Анталија, каде ќе го одработат главниот дел од подготовките.
Во Скопје со екипата ќе тренираат и единаесет играчи од младинската школа, по што ќе биде дополнително одредено и кои од нив ќе добијат шанса да патуваат за Анталија. Голманите, Матеј Андов и Кристијан Китановски, потоа Леонид Игнатов, Мартин Радуловиќ-Величковиќ, Анатолиј Петејчук, Александар Ѓурковски, Петар Гугуљанов, Виктор Крстевски, Дамјан Трајановски, Азер Омерагиќ и Филип Манасиевски се играчите кои денес се појавија на првата прозивка од шефот на стручниот штаб, Александар Васоски.
Во оваа бројка не се спомнати, Џемал Ибиши и Бојан Димоски , кои веќе се наметнаа во првиот тим на Вардар и беа играчите на кои Васоски сметаше во првиот дел од сезоната, додека на некои од натпреварите во поширокиот состав се наоѓаше и Игнатов.