Monday ,06 April 2020
Последни:
Home > РК Вардар > Втор тим > Никола Анакиевски и Виктор Трифуноски ќе играат во Супер лигата за Вардар Јуниор
Никола Анакиевски и Виктор Трифуноски ќе играат во Супер лигата за Вардар Јуниор

Никола Анакиевски и Виктор Трифуноски ќе играат во Супер лигата за Вардар Јуниор

Екипата на Вардар Јуниор која е дел од најсилната супер лига, својот старт на подготовките ќе го има на 13. јануари ( понеделнк), во С.Ц. Јане Сандански.

Што се однесува до составот, оваа екипа ќе претрпи промени во пролетниот дел од сезоната. Тренерот Стојан Петрушевски нема да може да смета на услугите на Ќосевски, Кукуловски, Кизиќ и Карапалевски, кои имаат право за настап само за првиот тим на РК Вардар.

Позициите лев и среден бек, на кои играа, Кукуловски, односно Карапалевски, ќе бидат пополнети со двајца играчи од пионерската екипа на Вардар која е предводена од Зоран Петковски. Тоа се Никола Анакиевски кој игра на позицијата лев бек и Виктор Трифуноски кој е организатор на играта.

Без споменатите четворица играчи, Вардар Јуниор ќе биде драстично ослабен во борбата за опстанок во најсилната супер лига.