Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Летонија, со Кристопанс, но без Кугис ќе се спротивстави на Шпанија, во нивниот деби меч на ЕП
Летонија, со Кристопанс, но без Кугис ќе се спротивстави на Шпанија, во нивниот деби меч на ЕП

Летонија, со Кристопанс, но без Кугис ќе се спротивстави на Шпанија, во нивниот деби меч на ЕП

Денес стартува Европското ракометно првенство кое за прв пат во историјата ќе се одржи во три земји.

Познато е дека Европскиот Шампион ќе го претставуваат осум играчи на ова ЕП, а прв кој денес ќе стартува ќе биде Даинис Кристопанс, кој со селекцијата на Летонија го очекува дуел против Шпанија.

Селекторот на Летонија, одреди со кои 16 ракометари ќе излезе на вечерашниот меч против „фуријата“ а за летонците ова ќе биде деби натпревар на големите натпреварувања. Во составот нема да биде Артурс Кугис, голманот на Вардар, кој според информациите нема да настапи поради повреда, додека на теренот ќе го видиме Даинис Кристопанс. „Џинот“ на Вардар ќе биде најголемата опасност по голот на Шпанците, па токму од него ќе се очекуваат најмногу голови на вечерашниот меч.

Дуелот вечерва ќе стартува од 20:30 часот.