Многу пати блиски наши ни давале добронамерни совети, и се обиделе да пронајдат одговор на некои логични прашања, констатирајќи според нив некои ‘реални’ состојби дека:
– “Лигата сега тапа, еј на времето Звезда, Партизан, Хајдук, Динамо, Данди Јунајтед, Порто…”
– “Вардар не ти го дава лебот”
– “Вардар не ти ги рани децата”
– “Вардар ти носи проблеми”
– “Нема навивачко движење, нема ривали…”
– “Ти си луд, во Кратово идеш да го гледаш Вардар!”
– “Сите фатија џенем низ светот ти уште тука…”
– “Седни учи за да не работиш после”
И кога ќе се обидеме на илјадници начини да го пронајдеме одговорот на прашањето “ЗОШТО” во она малку време кога помислуваме на себеси и својата иднина, она што испливува како логичен одговор можеби понекогаш се совпаѓа со добронамерните совети…Но кога ќе се сетиме на овие моменти, кои не се многу чести, знаеме дека сме го одбрале вистинскиот пат и сме на право место… (ВИДЕО ОД МОМЕНТИТЕ)
Другари, песна и пиво, Вардар е се во мојот живот…
#ЕденЖивотЕднаЉубов #ДланкаСрцеГлас #НавивачкаТрибина
*Првемезено од страницата на Комити Запад