Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > „Лавиците“ во понеделник ги започнуваат подготовките за одбрана на двете круни
„Лавиците“ во понеделник ги започнуваат подготовките за одбрана на двете круни

„Лавиците“ во понеделник ги започнуваат подготовките за одбрана на двете круни

Младите девојки од пионерскиот тим на ЖРК Вардар ги „трошат“ последните денови од одморот. Тие лани ја завршија годината со настап и Пехар на турнирот „Илинден-2019“ по кој добиа одмор се до идниот понеделник.

Анжела Платон и Марија Папуџиева на 13-ти јануари (понеделник) во Спортскиот центар “Јане Сандански“ во Скопје ќе го имаат првиот собир и ќе означат старт на зимските подготовки. Пред девојките е голем предизвик, да ги одбранат оваа пролет двете титули кои се во нивни посед, пионерската и кадетската. Имаат брилијантна есен, лидери се во двете конкуренции со 14.победи од исто толку одиграни натпревари. Ова се првите кола за нив оваа пролет:

Пионерки: Вардар-Велкова-5 29.02/01.03.2020

Кадетки: Ѓорче Петров-Вардар 11.04/12.04.2020