Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > Капитенот Деловска во строј, ЖКК Вардар комплетен ги започна зимските подготовки
Капитенот Деловска во строј, ЖКК Вардар комплетен ги започна зимските подготовки

Капитенот Деловска во строј, ЖКК Вардар комплетен ги започна зимските подготовки

Вчера, прв пат во 2020 година, Жаклина Стојановска „прозиваше“. Eкипата на ЖКК Вардар во нивниот дом малата сала при СРЦ „Кале“ го оддржа првиот тренинг.

Зимските подготовки стартуваа со комплетен ростер, капитенот на тимот Симона Деловска која го пропушти финишот на есенската полусезона поради повреда на десното колено, повторно е во строј. Вардарки се подготвуваат за пролетните предизвици, продолжението на Првата лига и Купот на Република Македонија каде што ги бранат двете титули. На пауза заминавме  како Есенски првак, „зимуваме“ на врвот на табелата со максимални 18.бода.

Првата женска кошаркарска лига продолжува на 25ти овој месец.