Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Вардар стартува утре, тренингот е закажан за 14 часот!
Вардар стартува утре, тренингот е закажан за 14 часот!

Вардар стартува утре, тренингот е закажан за 14 часот!

По едномесечна пауза, лидерот на првенствената табела Вардар, утре ги „пали моторите” и означува старт на зимските подготовки.

Утрешниот прв собир на екипата во новата година ќе биде во тренинг центарот во Хиподром. Васоски ќе ги собере играчите во 13.00 часот, а тренингот е предвидено да започне час подоцна, односно во 14.00 часот.

Вардар во Скопје ќе тренира шест дена, за потоа да замине на главни подготовки во Анталија каде ќе одигра шест пријателски дуели против сериозни тимови и ќе се подготвува за почетокот на пролетниот дел од сезона кој започнува на 16 февруари.

Во Анталија, експедицијата ќе биде сместена во два хотели. Од 15.01 до 25.01, Вардарци ќе престојуваат во „Miracle hotel”, а од 25.01 до 04.02 нашиот тим ќе биде сместен во „Titanic beach hotel“.