Утре, Ристова и Црвенковска како што објавивме пред неколку дена ги „палат мотирите“ во ЖРК Вардар. Веќе од задутре на овие зимски подготовки ќе се работи два пати на ден, со цел тимот да се подготовки за пролетниот дел.
Според планот на 29.февруари 2020 година или евентуално на 1.март ние ќе ја започнеме пролетната полуетапа во женската Супер лига. Во Купот каде оваа сезона ќе има четири 1/4-финални групи (со по три екипи) ќе ги дознаеме ривалите подоцна, истите ќе се играат во април. Познати се 11.екипи односно првите 11 тима на табелата, за последната 12та „виза“ ќе се соочат двата последни тима ЖРК Алушовски и Овче Поле. Патникот ќе биде добиен во бараж-натпревар на теренот на скопскиот тим кој ќе се игра во работната недела пред почетокот на сениорската Скопско ракометна лига.