Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Денес, кадетите на РК Вардар ќе ги започнат зимските подготовки
Денес, кадетите на РК Вардар ќе ги започнат зимските подготовки

Денес, кадетите на РК Вардар ќе ги започнат зимските подготовки

Заврши одморот за кадетскиот тим на Вардар Јуниор, момците кои се натпреваруваат во кадетската и младинската лига ќе ги започнат зимските подготовки.

Денес, среда, 8.јануари ќе прозиваат Андријана Будимир и Аце Станковски. Попладнево во 16-00 часот во Спортскиот центар “Јане Сандански“ во Скопје оваа вардарова селекција ќе ги започне зимските подготовки за пролетниот дел каде настапува во две лиги. Тие во кадетската се есенски лидери, во младинската конкуренција во пролетниот дел  ќе се обидат да дојдат до местата при врвот.

Прв предизвик во новата 2020 година им е домашниот младински дуел со РК Пролет на 7/8.фебруари, а во кадетска лига ќе започнат со домашен дуел против РК Драчево на 14/15.фебруари.